Oview
1. Што е овулација?
Овулацијата е процес на пукање на доминантен фоликул од кој се ослободува зрело јајце. Овулацијата е краток временски период (до 12 часа) во кој може да се оплоди ослободената јајце клетка. Важно е да се напомене дека овулацијата не се случува а со секоја менструација. Во просек, на секои 13 менструации има 1 циклус во кој нема овулација (т.н. ановулаторен период).
2. Што е менструален циклус?
Менструалниот циклус е периодот од првиот ден на менструалното крварење до денот пред почетокот на следната. Најчесто, циклусот е 28 дена.
3. Што е „пик на лутеинизирачкиот хормон“?
„Пикот на лутеинизирачкиот хормон“ е периодот кога телото произведува најголеми количини од овој хормон. Откривајќи го лутеинизирачкиот хормон, Oview регистрира позитивен резултат, што е знак дека во следните 24 до 48 часа ќе дојде до овулација.
4. Дали тестот за овулација Oview може да пријави погрешен резултат?
Може да се пријави погрешен резултат:
- кога земате лекови кои содржат лутеинизирачки хормон (LH) или хуман хорионски гонадотропин хормон (hCG);
- при земање лекови кои го забавуваат циклусот, бидејќи се менува и периодот на овулација;
- кога неодамна сте биле бремени, моментално сте бремени или сте во менопауза.
5. Строго ги следам упатствата, но сите резултати од тестот за овулација беа негативни. Што да правам?
Не сите жени овулираат во средината на циклусот. Направете тест со ново пакување, бидејќи веројатно овулацијата сè уште не е дојдена.
6. Веќе неколку месеци се обидувам да забременам, но не успевам. Што да правам?
Нормално е неколку месеци да не успеете да забремените. Причините за ова можат да бидат различни. Консултирајте се со вашиот лекар. За да ги зголемите шансите за зачнување, обидете се да забремените еден ден пред овулацијата, за време на овулацијата и еден ден по овулацијата.
Presto
1. Колку дена по сексуалниот однос можам да направам тест?
Првиот патрон од тестот за бременост Presto треба да се користи 7 дена по сексуалниот однос. Ако се појават јасни линии во боја во зоните (C) и (T), најверојатно сте бремени. Ако во контролната област (C) се појави само една обоена линија, веројатно е дека не сте бремени. Во двата случаи, треба да го повторите тестот користејќи го вториот кертриџ, на првиот ден од доцнењето на циклусот, за да го потврдите резултатот. Ова е неопходно поради концентрацијата на HCG хормонот
2. Што треба да направам ако мислам дека резултатот не е вистинит?
Ако резултатот е неважечки или линијата за тестирање во зоната (Т) е премногу слаба, направете нов тест по 48 часа.
3. Дали има некои фактори кои можат да влијаат на резултатот?
- Земањето одредени лекови кои содржат hCG хормон може да влијае на исходот.
- Внесувањето на големи количини течност може да ја намали концентрацијата на хормонот hCG во урината и на тој начин да влијае на тестот.
- Апчиња за контрацепција, антибиотици, аналгетици (лекови против болки) и алкохол не влијаат на резултатите од тестот.