Бременоста е период полн со емоции, промени на различни нивоа, созревање и инспирација за нов живот. Ова е време кога парот се соочува со нова фаза, фаза на родителство, почнувајќи да градаат нов стил во нивното однесување и став кон светот.Претстојните промени будат нови мисли и идеи за поддршка на претсојниот период, кој може да биде различен колку и бројот на жени во светот.
Времетраење на бременоста
Бременоста трае околу 40 недели, за тоа време детето постојано ќе расте, добивајќи се што е потребно за неговиот иден живот и созревање. Обично, помеѓу 38-тата и 42-тата недела, се случува природен процес на раѓање.
Бременоста не е поделена на само недели, често се зборува за триместри, од кои секој трае три месеци. Од што произлегува дека нормална бременост се состои од три четвртини, скали што ве водат до породување. Неделите од 1 до 13 го формираат првиот триместар, неделите од 14 до 27 го сочинуваат вториот триместар, а третиот триместар започнува на 28-та недела и завршува кога ќе се роди вашето дете.
Првиот триместар: Емоциите се разбудуваат
Често на почетокот промените не се чувствуваат, а сепак тие се суштински. Промените во емоционалната состојба се сосема во ред. Бидејќи промените на емоционалната состојба означуваат нов период во животот, жените кои доживуваат прва бременост често се исклучително емоционални. Психата се прилагодува на промените кои се случуваат во нашиот внатрешен свет, кој ги вклучува не само нашето тело, туку и нашиот светоглед, најдлабоките соништа, копнежи и желби поврзани со новиот живот. Во голема мера, искуството ја одразува структурата на личноста и како личноста е условена да се справи со промените, емоционалната поддршка што ја добивате и, се разбира, хормоналните врвови во телото.
За добра емоционална состојба е исклучително важно е да се балансираат активното време и времето за одмор. Одморот треба да биде доволен за да се задржи нервниот систем смирен за да се обезбедат потребните ендрофини (одржување на добро расположение). Корисно е бремената жена да разговара со некого за она што е важно за неа и за нејзиното искуството, да научи и практикува техники за релаксација со цел да помине смирено и успешно во овој период. Медитацијата, јогата за бремените жени и релаксацијата на мускулите можат да бидат исклучително корисни.Тука може да се разгледа можноста да се вклучи пренаталното воспитување. Голем број на студии покажаа добри резултати од вклучувањето на пренаталното воспитување[1].
Вториот триместар — односот на партнерите
Обично, по прилагодувањето со важните промени во телото и умот за време на првиот триместар, жените уживаат во лесен и пријатен втор триместар на бременоста. Анксизоноста за непознатото обично се намалуваа, а со нив се подобрува физичката и емоционалната рамнотежа. Движењето на детето во утробата станува важен фактор во емоционалната состојба.
Многу парови прашуваат за нивната блискост за време на бременоста, но често физиолошките промени можат да доведат до зголемена сексуална желба, која ја поддржува фазата низ која поминуваат. Потребно е да се разговара за чувствата и желбите на партнерите за да се обезбеди здрав и задоволувачки интимен живот во текот на вториот триместар кој ги задоволува новите физички и емоционални потреби на двата партнери.
Третиот триместар— подготовка во очекување на нов почеток
Семејствата се подготвуваат се повеќе и по интензивно за пристигнувњето на бебето, а постепено новиот почеток влегува се повеќе и појасно во нивните животи.
Овој период се карактеризира со чувство на радост. Разговорите со специјалисти, други мајки и групи за поддршка се многу корисни за мирот и подготовката на идните родители. Во овој период, бебето почнува да стекнува идентитет – со украсување на детска соба и планирани активности, родителите го развиваат својот стил и нивната подготовка почнува да ги исполнува нивните денови.
Важно е жените да бидат свесни и да бидат внимателни дека грижата за другите не бара исцрпувачки карактер во двете насоки: ниту да бидат отфрлени, ниту претерани. Повторно, докажано е дека рамнотежата води до здрав однос за двете страни. Ако сте одбрале да работите, тогаш погрижете се да одвоите доволно време за активен живот со пријатни прошетки или лесни физички вежби, како и време за ментален и емоционален одмор и релаксација. Научните студии покажаа бенефиции и добри резултати од слушањето на смирувачка музика за психата на бремените жени[2].
Промени
Физичките промени кои ги наметнува бременоста понекогаш доведуваат до несигурност или вознемиреност за претстојното воспитување на бебето. Контракциите исто така можат да ги возбудат емоциите и прашањата. Добро е дамите да бидат во контакт со нивните специјалисти и да одржуваат разумни нивоа на свесност. Неопходно е најблиските да им пружат не само физичка поддршка за бремената жена, туку и да ја поддржат нејзината доверба и непречено поминување низ овој важен период во животот на секоја жена.
Бременоста е полна со физиолошки и психолошки промени во мајчиното тело кои бараат актуален пристап и позитивен став. Прифаќањето на идната мајчинска улога, исто така, покренува прашања за подготовката, информациите и ресурсите потребни. Сето ова води до разбирлива трансформација на емоционалната позадина на личноста. Важно е бремената дама да добие поддршка за да може оптимално да го одржува целокупното здравје, земајќи предвид дека сите промени кои се случуваат имаат логични причини и се условени од од совршенството на природата.
[1] https://roshmfm.com/prenatal-care-the-importance-of-prenatal-education/#:~:text=Prenatal%20education%20is%20extremely%20important%2C%20especially%20for%20first-time,your%20doctor%2C%20the%20choices%20you%20have%20for%20birth [2] https://bmccomplementmedtherapies.biomedcentral.com/articles/10.1186/s12906-017-1759-3