Спонтан абортус, тоа е еден од најтажните и најтрауматичните моменти во животот на жената. Справувањето со болката, тагата и губењето на бебето е долг и емотивно исцрпувачки процес. Многу често, спонтаниот абортус може да има влијание врз врската со партнерот. Иако ништо не може да ја избрише загубата која настанала, постојат чекори кои можат да се преземат на краток и долгорочен план за да ви помогнат да го поминете овој тежок период.

Што значи спонтан абортус?
Спонтан абортус, значи губење на плодот, по природен пат, пред 20-та недела од бременоста. Приближно 20% од бременостите завршуваат на овој начин. Најчесто, спонтаниот абортус се должи на некоја генетска абнормалност (хромозомска мутација). Многу жени имаат чувство на вина и покрај тоа што тие никако не се виновни за немилиот исход. Секојдневните активности, внимателното вежбање и одењето на работа не можат да доведат до губење на плодот.[1]
(Овде можете да вклучите линк до претходната статија)
Емоционални последици
Емоционалното истоштување кои се случува по спонтаниот абортус може да биде многу силно. Секој може да ја прифати загубата на различен начин, но најчестите емоции кои дамите ги доживуваат се следниве:
- Тага
- Безнадежност
- Вина
- Бес
- Завист (најчесто кон другите родители)
- Силно чувство на осаменост (особено кога во својот круг на пријатели има остварени родители)
Иако и на многу други парови им се случило да се соочат со спонтан абортус, тоа обично не ја брише емоционалната болка, но може да ви помогне да не се чувствувате осамено и да ја споделите вашата приказна и искуство од истото.[2]

Физички последици по спонтан абортус
Покрај емоционалните последици со кои треба да се справите после спонтан абортус, на дневен ред се и физички последици. Степенот на закрепнување на вашето тело зависи од тоа колку длабоко во бременоста сте биле пред да се случи загубата на плодот. Најчесто спонтаниот абортус се јавува пред 20-та недела од бременоста, но кај секоја жена индивидуално може многу да варира.
Некои жени кои имаат редовен циклус дознаваат дека се бремени во моментот кога им доцни менструацијата. По појавата на раниот спонтан абортус, опоравувањето обично се случува брзо – за неколку недели.
Надвор од овој краток временски период, спонтан абортус кој се случил подоцна во бременоста ќе бара соодветен медицински третман. Вашиот лекар најверојатно ќе ви даде лекови орално или вагинално за да ви помогне да го исчистите вашето тело. Ова може да биде болно и крајно емотивно.
Вашиот лекар ќе треба да спроведе последователен ултразвук за да се увери дека сите ткива се исчистени за да се избегнат компликации. Убаво е вашиот партнер или друга блиска личност да биде тука за поддршка. [2,4]в
Краткорочни чекори за решавање на вознемиреноста на спонтаниот абортус
По спонтан абортус, најважно е да се грижите за себе и да си дозволите да го одтагувате она што ви се случило. Ние ќе понудиме некои чекори кои можат да помогнат во овој процес:
- Изразете ги емоциите
За жал, некои семејства и пријатели им кажуваат на жените дека не треба да чувствуваат чувство на загуба. Овој став е особено чест кога спонтан абортус се случува на почетокот на бременоста, како што се случува најчесто. Но, раната загуба не е полесно да се справи со онаа со која се случува подоцна. Дури и ако жената е бремена само за кратко време, бременоста може да е планирана со години.
Ако сте жена која доживеала спонтан абортус, не заборавајте дека вашите чувства се нормални. Покрај тоа, некои жени се посилно погодени од другите. Дозволете си да го искусите процесот на тага на свој начин и со свое темпо. Вообичаено е да се чувствуваш добро еден ден и ужасен следниот.
Не е невозможно да се чувствува бес и завист кон другите родители. Ова е нормално и е природен дел од тагувањето. Дадете си време за тагување и посветете се на секојдневието. [2]
- Потпрете се на семејството и пријателите за помош.
Додека тагувате за загубата на бебето, можеби нема да можете да се држите до нормалниот распоред. Побарајте помош од пријателите и саканите да ви помогнат во работата на домаќинството, грижата за домашните миленици или грижата за семејството. Можеби ќе ви требаат и кога ги изразувате емоциите.[2]
- Најдете луѓе кои поминале низ ова.
Споделувањето и споредувањето на искуствата со другите жени кои поминале низ истото нешто често е смирувачки. Приклучувањето кон заедницата со истите проблеми може да помогне. Ако вашите чувства почнат да се мешаат во вашата способност да се справите во секојдневниот живот, или ако вашата тага не се намали по неколку месеци, разговарајте со вашиот лекар. Може да имате корист од тоа да ве упати на советник за ментално здравје или терапевт. [2]
- Побарај помош од специјалист
Понекогаш тагата може да биде огромна. Ако се борите да се справите со вашите чувства, не заборавајте дека не сте сами. Секогаш можеш да побарате помош од професионалец. Разговорот со психолог може да ви помогне да се справите со загубата и да се опоравите побрзо. Во зависност од вашите потреби и оние на вашиот партнер, можете, исто така, да одите на консултација за парови која ќе ви помогне полесно да го преживеете искуството заедно.
Долготрајно опоравување
Долготрајното опоравување од спонтан абортус во голема мера зависи од вашето ментално здравје и целокупната емоционална благосостојба. Додека вашето тело ќе се опорави од физичките симптоми на спонтаниот абортус, може да изгледа дека никогаш нема да можете да ја надминете загубата на вашето бебе.
Надминувањето на тагата и продолжувањето со животот, секако не значи заборавање на вашата бременост. Oстанте активни и поврзани во групите за поддршка и тоа може да има трајно позитивно влијание на вас и вашата психа. Еден ден вашата улога може да биде обратна. Ќе дадете поддршка на друг родител кој ја претрпел оваа загуба. [2]
Справете се со спонтан абортус со вашиот партнер
Мажите и жените, обично, реагираат различно на спонтан абортус. Често, мажите се префрлаат во режим на решавање на проблемите кога се соочуваат со криза. Лошата комуникација е заеднички проблем. Мажот го гледа својот партнерка како плаче кога зборува за бебето, па учи да не ја спомнува темата. И бидејќи тој не ја отвара таа тема на дискусија жената можеби чувствува дека за него не е важна таа тема и дека не му е гајле.
За да се справат со последиците од спонтаниот абортус паровите се советувани од експертите, мажите да покажат колку се грижат и отворено да ги споделуваат своите чувства. [3]
Кога е вистинското време да почнете да се обидувате повторно?
Едно од најчесто поставуваните прашања по спонтан абортус е кога можете да пробате повторно. Ова прашање може да го одговори вашиот лекар и објасни што ќе биде најдобро за вас. Општо земено, првата менструација се случува четири до шест недели по загубата. Обично, безбедно е да забремените после нормален менструален циклус. Понекогаш, може да ве советуваат прво да направите медицински тестови за да ја утврдите причината за спонтаниот абортус. Најдобро е да почекате додека не бидете подготвени физички и емоционално пред повторно да забременеете.
Стравувањата од повторно губење се чести по спонтаниот абортус. Реалноста е дека повеќето жени кои го доживеале овој трауматичен момент забременуваат без проблеми веднаш потоа. Не се двоумете да зборувате со вашиот лекар за загриженоста што може да ја имате. [3]
Последиците од спонтан абортус можат да бидат тешки. Многу е важно да имате взаемна поддршка и разбирање и да поминете низ овој период заедно. Дајте си толку време за опоравување колку што е потребно. За да се обидете повторно да забремените, осигурајте се дека сте добро физички и ментално. Ако не сте ја надминале загубата, подобро е да почекате, бидејќи колку сте посмирени и опорадени, толку подобро за вас и за идната бременост.
Можете да прочитате повеќе на:
[1] https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK560521/
[2] https://www.healthline.com/health/coping-with-miscarriage#physical-aftermath
[3] https://www.stanfordchildrens.org/en/topic/default?id=coping-with-miscarriage-1-4036