Oвулација и се што треба да знаете како да забремените што е можно побрзо 

Ако ја читате оваа статија, честитки! Веројатно ги преземате првите чекори за  да станете родители.  Зачнувањето е пресвртница во животот на секоја жена. Периодот на зачнување е исполнет со возбуда и трепет, и тоа е нормално. Да се забремени што поскоро исто така додава на возбудата. Нашата цел е да зборуваме за овулацијата како процес во телото и како следењето на истата ќе ви помогне да јостанете бремени што поскоро и да го остварите вашиот сон.  Сепак, пред да пишуваме за овулацијата, ајде да го разгледаме целокупниот процес каде овулацијата игра важна улога – тоа е женскиот менструален циклус. 

Менструален циклус, што е тоа? 

Сите жени по постигнувањето на сексуална зрелост, со добивање на првиот менструален циклус, добро се запознаени што значи тоа менструација. Честопати менструалниот циклус со себе носи одредени хормонални флуктуации кои може да допринесат за низа симптоми, болка во половината, осетливи и напрегнати гради, болка во стомакот итн. Заради тоа што понекогаш може да биде непријатно и болно изкуство, жените се среќни кога циклусот ќе заврши, се до следниот месец кога се се повторува.

Доколку добро го разберете процесот на менструалниот циклус, неговите фази и следење на истите може да ви помогнат, по донесената одлука да забремените за краток период.

Ајде да погледнеме што точно се случува за време на менструалниот циклус. Тој е е природен процес низ кој вашето тело поминува секој месец. Се верува дека циклусот започнува од првиот ден на вашата менструација и трае до првиот ден кога започнува следниот циклус.  Обично, овој процес трае 28 дена, но должината на циклусот може да се продолжи или скрати поради бројни фактори – стрес, исхрана, земање на одредени лекови, преоптоварување итн. Некои  жени имаат подолг циклус, други пократок, а за некои циклусот може да варира во должина од месец на месец без посебна причина. Сите фази на менструалниот циклус, се всушност фази на припрема на вашето тело кое се подготвува за бременост. Циклусот се состои од четири различни фази. Да видиме што ќе се случи со секој од нив: 

Период на крварење (ден 1-7): Оваа фаза е де факто почеток на секој циклус и е моментот кога мукозната мембрана формирана од претходниот циклус се исфрла. Во исто време, вашите јајници почнуваат да произведуваат естроген и прогестерон – два клучни за хормоните на бременоста.  

Фоликуларна фаза (ден 1-13): Фоликуларната фаза започнува од првиот ден на менструацијата и трае во просек до 14-тиот ден, Кога ќе се случи следната фаза. Во оваа фаза апочнува таканареченото зреење на фоликулата. По нејзиното созревање, фоликулата пука и се ослободува јајцеклетка, која е подготвена за оплодување. Во оваа фаза на циклусот внатрешниот слој на матката (ендометриум) започнува да се созрева (да се здебелува) со цел да се створи поволна средина каде ќе се имплантира оплодената јајце клетка.

Фаза на овулација (околу ден 14): Јајцето се ослободува од веќе зрелиот фоликул и е подготвено за оплодување. Овулацијата се јавува од 24 до 36 часа по зголемувањето на количината на лутеинизирачки хормон. Покачените нивоа на овој хормон се случуваат екстремно брзо за краток период. Овој хормон во доволно високи дози е присутен многу кратко време – од еден до два дена. Токму овој период е периодот кога се случува овулацијата и кога може да останете бремени. Во просек трае од 12 до 24 часа по почетокот на овулацијата.

Лутеална фаза (ден 15-28): Ова е последната фаза и е фаза кога или се остварило зачнување или доколку не се оплодила јајцеклетката и не настанало зачнување, започнува нов менструален циклус. Во текот на првите 24 часа, ослободената јајце клетка патува до фалопиевите туби, чекајќи евентуално да се оплоди. Ако не се случи тоа, тогаш јајце клетката се распаѓа и лутеалната фаза завршува со почетокот на следниот менструален циклус, кога задебелената лигавица на матката повторно ќе се исфрли.

Вреди да се спомене дека овие временски рамки се индикативни и се базираат на теоријата на 28-дневен циклус. Доколку циклусот трае 1-2 повеќе или помалку истите фази се поместуваат.

Што е овулација? 

Овулација е процес во кој зрелиот фоликул пука и го ослободува јајце клетката која е подготвена за оплодување. Обично, се верува дека по почетокот на овулацијата, има временски прозорец од 24 (во ретки случаи, до 48) часа пред јајцеклетката да го заврши своето патување и да се распадне.  Овој период е познат како “плоден прозорец”и ако активно сакате да забремените, од голема важност е да знаете кога се случува.  Во многу случаи, потпирањето на стандардната должина на фазите не е доволно. Овулацијата може да се појави во различни времиња во зависност од голем број фактори, па дури и понекогаш воопшто да не се појави. Како резултат на тоа, треба да го надгледувате и да не го пропуштите важниот плоден прозорец. Во текстот што следи ќе дознаеме како можеме да утврдиме кога започнува процесот на овулација. 

Како да знам дали овулирам? 

Пред да почнеме, вреди да се спомене дека некои од симптомите наведени подолу не се задолжителни, туку би можеле да бидат индикативни за фазата на овулација.  Понекогаш може да почувствувате еден или повеќе симптоми, а другпат може да не чувствувате апсолутно ништо (исто како што се случува со вашите предменструални симптоми). Во оваа смисла, последниот од наведените методи е најсигурен за правилно препознавање на плодниот прозорец, но остатокот исто така може да ви помогне да се ориентирате. 

1. Календар на овулација

Иако календарот на овулацијата е корисен, ретко кога е точен во вистинската смисла на зборот. Без разлика дали користите апликација или ги следите фазите во обичен тетратка, предвидувањата се приближни и неможеме да бидеме сигурни дека ќе ги погодиме точно оние 12 часа кога клетката е ослободена и подготвена за оплодување. Дури и ако вашиот циклус е точен како швајцарски часовник, ништо не гарантира дека овулацијата мора да се случи на 14-тиот ден, и со оглед на краткиот плоден прозорец, овулациските календари треба да се користат во комбинација со други методи. 

2.  Следење на симптомите на телото 

Многу жени внимателно го следат своето тело и се потпираат на сигналите кои ги дава. Секако, можеби не чувствувате ништо но добро е да обрнете внимание на следниве знаци: 

  • Зголемена осетливост на градите и/или оток,
  • Блага болка во областа на јајниците, чувство на “влечење” ,
  • Секреција на т.н. “цервикалната слуз” – секреција која помага во движењето на спермата,
  • Зголемена сексуална желба,

3. Мерење на базална температурата 

Мерење на базалната температура е популарен метод за воспоставување овулација. Неговата слаба точка е дека треба да почнете да го правите тоа многу порано, бидејќи се базира на отстапувања (обично зборуваме за разлики од околу 1 °C и погоре).  

За да бидете успешни со мерење на базалната температура, добра идеја е да ги следите следниве насоки: 

  • Мерењето се врши веднаш кога ќе се разбудите сабајле и пред да станете од креветот 
  • Се користи обичен медицински термометар, со кој температурата се мери под јазикот, во вагината или во ректумот (но секогаш на исто место) 
  • Мерењето се врши во исто време  

Во деновите пред да се случи овулацијата, се пријавуваат минимални разлики, обично 0,3 — 0,6 °C. Кога се разгледуваат разликите над 1 °C (особено во комбинација со други симптоми), се смета дека се случила овулација.  

4. Тест за овулација е еден од најпрецизните начин да дознаеш дали овулираш. Како и кај тестовите за бременост, испитувањата на овулацијата се засноваат на детектирање на присутноста на специфичен хормон во овој случај лутеинизирачки хормон (LH).  Како што споменавме, непосредно пред овулаторна фаза, нивото на лутеин хормон нагло се покачуваа. По почетокот на овулацијата, исто толку брзо и драстично се намалува нивото на хормонот. Овие флуктуации овозможуваат лесно да се детектираат разликите во вредноста на хормонот и да се прочита резултатот на тесто. Можете да користите погоден и доверлив тест за овулација како Oview, кој ќе ви помогне да го идентификувате вашиот плоден прозорец и значително да ги зголемите шансите за зачнување. 

На крај, најважното нешто што треба да се запомни е дека вашата овулација, како и вашиот менструален циклус можат да варираат, па строгото следење на процесите кои се случуваат во вашето тело е исклучително важно.  За да го забрзате процесот на зачнување треба внимателно да ги следите сигналите на вашето тело, можете да користите и овулациски календар, но не заборавајте дека овулациските тестови се незаменлив и верен сојузник во овој прекрасен напор.    Среќно!

Related posts